Sunday, December 22, 2013

Штедење на електрчна енергија

Штеди електрична енергија!!    

Ако за еден момент се осврнеме на секојдневните работи во нашите животи ќе забележиме дека речиси сите имаат врска со енергијата. Електричната енергија е една од неопходностите за денешниот модерен живот. Речиси да е невозможно да се замисли денешниот живот без телевизија, радио, топла вода, компјутери, без осветление… Бенефитот од електричната енергија е голем и често не се внимава како се користи електричната енергија. Сепак, со порастот на цената на електричната енергија и нејзиното севкупно влијание врз животната средина, свеста за нејзиното рационално користење е зголемена. Сѐ со цел порационално користење, има неколку работи кои секој може да ги примени како би имал енергетски поефикасен дом, а со тоа и помали сметки за електрична енергија. Мерките претставени во текстот не баарат дополнителни инвестиции и нивната ефективност зависи од тоа колку ние сме спремни да се придржуваме до нив.

Како да штедиме електрична енергија!!!

  1. Еден од најголемите потрошувачи во домот е рерната. Вклучувајте ја само кога е неопходно. Значително помалку енергија ќе се потроши ако се користи ринглата а не рерната.
  2. Машината за перење е исто така еден од поголемите потрошувачи на електрична енергија во домот. Доколку е делумно наполнета за истата енергија ќе испере помалку облека. Исто така денес е возможно со помош некои детергенти да се пере и на пониски температури што би значело помала потрошувачка на енергија.
  3. Добар дел од работите што важат за машината за перење на алишта важат и за машината за перење на садови. Таа треба да се пушта во употреба само кога е целосно наполнета. Исто така доколку има опција за кратко и економично миење треба да се одбере таа опција.
  4. Системот за греење. Доколку системот за греење е опремен со термостат треба да биде поставен на околу 20 степени. Навечер доволно е да биде на околу 15 до 17 целзиусови степени со што би се генерирарала дополнителна заштеда. Така, на тој начин наутро за кратко време системот за греење би постигнал 20 степени.
  5. Не го оставајте мониторот или компјутерот на “stand by” или пуштени кога не се во употреба. Со самото тоа тие трошат енергија речиси исто како да ги работите.
  6. Фрижидерот треба да биде поставен на ладно место подалеку од каков било топлински извор. Кога се вели топлински извор се мисли на шпорет, печка или слично. Исто така, пожелно е да не биде изложен на сончево зрачење.
  7. Користете ја топлата вода од бојлерот рационално. Пожелно е кога еднаш се загрее бојлерот, што повеќе луѓе да ја искористат водата во побрз временски период. Што повеќе се чека, толку бојлерот повеќе би се изладил и би морало повторно да се вклучува за да се загрева. Со оглед дека бојлерите имаат минимум грејачи од 3 kw тогаш повеќе од јасно е за колкава заштеда станува збор.
  8. Внимавајте на осветлувањето и дали е потребно да биде вклучено во некоја просторија или не. Често пати децата или тинејџерите не внимаваат и оставаат вклучени светилки без разлика што тие не се во собата. Свртете им внимание на тој факт и укажете им на важноста на тоа.
  9. При готвење исклучете ја рерната или ринглата 5 минути порано. Речиси секогаш тие се доволно загреани и имаат акумулирано доволна топлина за да се доврши јадењето. Така, по 5 минути заштеда од секој зготвен оброк речиси секој ден би се направило голема заштеда на сметката за електрична енергија.
  10. Не го оставајте премногу време фрижидерот отворен. На секој фрижидер му требаат повеќе од 3 минути за да ја достигне саканата температура ако се држи отворен една минута.



Наместо обични светилки користете штедливи сетилки!






Користете сончеви колектори!!!!


No comments:

Post a Comment